Славниот германски тенисер Борис Бекер не штедеше критики за Ник Кирјос.
Тениската легенда очигледно ги следел критиките кои во последно време Кирјос ги испраќаше за Ѓоковиќ поради „Адрија Тур“. Кирјос неколку пати се огласуваше, а сега Бекер му одговори.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Никој не сака кодоши. Оној кој ги напаѓа колегите спортистите ил спортските не може да биде мој пријател. Погледни се во огледало и размисли дали си подобар другите“, гласеше одговорот на Бекер.
Кирјос и тука не остана должен па му возврати:
„Борис, па не е тоа некое тениско натпреварување и немам намера да се објаснувам преку Твитер. Човеку, во сред глобална пандемија сме. И ако некој глупав каков што е Алекс (Зверев) го направи она што го направи јас ќе го критикувам. Многу е едноставно“, возврати Кирјос.