Еден од милениците на навивачите на Барселона, Сержи Роберто нема иднина на „Камп Ноу“ и клубот сака да го продаде на лето, пренесува каталонски „Спорт“.
Поливалентниот играч оваа сезона поради повреда пропушти многу натпревари и одигра само 1198 минути.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Сержи Роберто на лето влегува во последната година од договорот, па Барса смета дека сега е идеален момент за негова продажба.
Долго време Роберто важеше за голем талент, но тој веќе има 29 години и се чини дека не го искористи целиот потенцијал.
Сепак, тој минатите години беше важен дел од Барселона и со своите партии ги собра симпатиите на многу фанови.