Фудбалерот на Барселона, Сержи Роберто дал дури 26 позитивни тестови на коронаворус, пренесуваат каталонските медиуми.
Сержи Роберто беше цел месец во изолација и 26 пати бил тестиран се додека не дал конечно негативен тест. Притоа, играчот во ниту еден момент немал никакви симптоми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Официјално Сержи Роберто го победи вирусот пред една недела, па на мечот против Атлетик Билбао кончено запиша неколку минути на теренот.
Тој е повикан и за мечот во Купот против Гранада, каде се очекува да биде во стартниот тим.