Дома Топ вести Барса ги исполнува желбите на Меси, овие тројца заминуваат во јануари!

Барса ги исполнува желбите на Меси, овие тројца заминуваат во јануари!

Во јануари екипата на Барселона ќе остане без најмалку тројца фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанските медиуми пренесуваат дека Андре Гомеш, Рафиња и Пако Алкасер се на излезни врати од „Ноу Камп“.

Ернесто Валверде нема да смета на нив, а ќе ги стави и на трансфер листата бидејќи ниту еден од нив не ги исполни очекувањата во изминатиот период.

Кога во прашање е Андре Гомеш најверојатно тој заминува во Англија бидејќи наводно има договор со екипата на Тотенхем. По неговите стапки би можел да тргне и Рафиња за кого голема борба водат Арсенал и Ливерпул, додека напаѓачот Пако Алкасер се поврзува со трансфер во редовите на Милан.

Со ова, Барселона полека ги исполнува и желбите на првата ѕвезда Лионел Меси кој бараше овие тројца да бидат продадени уште во текот на летниот период, како и да е Барселона сигурно ја очекува интересен трансфер период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…