Според последните најави од Турција, македонскиот репрезентативец Енис Барди во зимскиот преоден рок ќе има нов клуб.
Турските медиуми пишуваат дека Трабзонспор му соопштил на Барди да си бара нов клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на клубот, Агаоглу донел одлука буџетот за плати на клубот да биде намален, па веднаш се појавија најави заминувања.
Информациите се дека Трабзонспор го повикал менаџерот на Барди и му соопштил да си бара нова средина за неговиот клиент.
Во редовите на Трабзонспор Барди дојде изминатото лето во август за сума од осум милиони евра, меѓутоа соработка би можела да трае само шест месеци иако потпиша договор до 2025 година.
Trabzonspor'un Enis Bardhi kararıhttps://t.co/sQ1R7BU1w7 pic.twitter.com/Jijyqfo1Wv
— HaberTS (@HaberTScom) January 20, 2023