Дома Фудбал Барди со проектил од далечина во убедливиот триумф на Коњаспор (Видео)

Барди со проектил од далечина во убедливиот триумф на Коњаспор (Видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го остави својот белег во убедливата победа на Коњаспор во Купот на Турција. Неговиот тим славеше со високи 5-0 против Алигана, а Барди се запиша меѓу стрелците.

Коњаспор рано ја презеде контролата врз натпреварот и со три гола уште во воведниот дел практично го реши прашањето на победникот. Во продолжението, Барди го постигна четвртиот погодок за својот тим со удар од дистанца, при што голманот на противникот лошо реагираше.

До крајот, домаќините само го потврдија убедливиот триумф и обезбедија пласман во следната рунда од натпреварувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудило во Турција: Салах од камен направи туристичка атракција (Видео)

До какви размери стигнала фасцинацијата со Мохамед Салах во Турција, сведочи приказната ка…