Дома Македонски спорт Мак ракомет „Балкан Хендбол“ прашува: Дали Лазаров на најдобар начин се прости од светската сцена? (ВИДЕО)

„Балкан Хендбол“ прашува: Дали Лазаров на најдобар начин се прости од светската сцена? (ВИДЕО)

Македонската репрезентација не се прослави на Светското првенство во Данска и Германија каде што ја освоивме 15-тата позиција.

Иако Кире Лазаров повеќе не е дел од Мундијалот, нашиот капитен и понатаму знае да се најде во популарните ракометни сајтови.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Така сега популарниот „Балкан Хендбол“ прашува – Дали Кире на најубав можен начин за него се прости од светската сцена?

Лазаров го држи рекордот на најмногу постигнати голови на едно Светското првенство, на Мундијалот пред десет години во 2009 година постигна 92 погодоци и тој рекорд тешко дека ќе биде срушен во блиска иднина.

За крај овој турнир Лазаров постигна погодок од седум метри кој долго време ќе се врти на друштвените мрежи, а покрај тоа воодушеви и со потегот после голот кога се поздрави со противничкиот голман.

https://www.facebook.com/handballcampkirillazarov7/videos/1679935648775092/

Текстот на „Балкан Хендбол“ можете да го погледнете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…