Македонската репрезентација деновиве имаше можност да стане посилна за Валон Ахмеди, но фудбалерот на словенски Марибор избра да настапува за селекцијата на Албанија.
Ахмеди денес излезе и со изјава за албанските медиуми во која заборуваше за неговиот избор и истакна дека го направил вистинскиот избор, како и дека е горд на својата одлука, но и ја потцени нашата репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас доаѓам од Охрид, роден сум во Кичево, се надевам дека на најдобар начин ќе ги претставувам македонските албанци. Да, селекцијата на Македонија ме повика, но јас не се чуствувам како Македонец, подобро да одиграм еден натпревар за Албанија отколку цела кариера во дресот на Македонија“, зборуваше Ахмеди.
Интересно е што Македонија веднаш ќе има прилика да му покаже на Ахмеди дека погрешил во изборот, како што е познато Македонија и Албанија ќе одиграат натпревар во рамките од квалификациите за Светското првенство во Русија. Натпреварот ќе се одигра на петти септември во Струмица.