Дома Трансфер зона Атлетико го шокира Челзи со цената за Феликс

Атлетико го шокира Челзи со цената за Феликс

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс се пресели во Челзи, каде ќе игра на позајмица со крајот на сезоната.

Феликс сакаше да ја промени средината, па Атлетико се согласи да го пушти на позајмица, но без дефинирана опција за откуп на крајот на сезоната.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ пренесува дека „јорганџиите“ ја поставиле цената и за откуп на Португалецот од Челзи ќе бараат 140 милиони евра.

Жоао Феликс пристигна во Атлетико Мадрид во 2019 година од Бенфика за 127 милиони евра како најскап играч во историјата на клубот.

Меѓутоа, тешко е да се поверува дека после слабите сезони Челзи ќе се согласи да ја плати бараната сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…