Дома Фудбал АС: Поради Олмо, Барселона мора да се ослободи од најдобриот играч од минатата сезона

АС: Поради Олмо, Барселона мора да се ослободи од најдобриот играч од минатата сезона

Играчот на Барселона, Илкај Гундоган (33) ќе мора да се врати во Манчестер Сити, клубот во кој има статус на легенда. Сон на Гундоган беше да игра за Барселона, уште од детството сонуваше да игра на Камп Ноу, но тој сон траеше само една сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во него германскиот играч за врска беше најкористениот и веројатно најдобриот играч на Барселона. Тој се појави на 51 натпревар, акумулираше најмногу минути од сите во тимот (4179) и постигна пет гола и запиша девет асистенции. Сепак, Барселона не ја одбрани титулата во шпанското првенство.

Тоа беше турбулентна сезона по која тренерот Чави Ернандез го напушти клубот и беше заменет со Ханси Флик. Во клубот пристигна и Дани Олмо, но се уште не смее да игра. Барса плати 55 милиони евра на Лајпциг, но клубот мора да работи под силни финансиски ограничувања наметнати од Шпанската фудбалска федерација.

Барселона може да троши колку што заработува. Така Гундоган кој заминува за 20 милиони евра ќе му помогне на каталонскиот клуб да направи рамнотежа. Клубот очекува дека Френки де Јонг, Педри и Гави ќе закрепнат и дека нема да им треба помошта на Гундоган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино повторно се огласи: Повторувам, мораме да ги почитуваме судиите и правилата

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино повторно се огласи преку социјалните мрежи, среде по…