Дома Фудбал Англија Арсенал е без пораз 20 натпревари, но што се случува со првото полувреме?

Арсенал е без пораз 20 натпревари, но што се случува со првото полувреме?

Фудбалерите на Арсенал ја играат една од најдобрите сезони во последните неколку години.

Иако, „топџиите“ се наоѓаат на петтата позиција на табелата, навивачите можат да биде повеќе од задоволни со фантастичната игра која од поодамна не била подобра.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Арсенал вчера против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ повторно прикажа добра игра во натпреварот кој заврши без победник 2:2.

Со ова реми Арсенал ја продолжи серијата од 20 натпревари без пораз. Во тој период Арсенал запиша 15 победи и пет нерешени седби и засега ја играат најдобрата сезона уште од 2007 година.

Сепак, има една „црна дамка“ – првото полувреме. Верувале или не, Арсенал ниту еднаш не водеше на полувремето оваа сезона во Премиер лигата, а изминаа веќе 15 кола, иако славеа на девет од нив.

Следна прилика да стават крај на оваа црна низа Арсенал ќе има во следното коло кога на „Емирати“ гостува Хадерсфилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи се во преговори за трампа

Со приближувањето на летниот трансфер период, Манчестер Јунајтед има за цел да го подобри …