Дома Фудбал Останато Арсенал – Атлетико Мадрид, веројатни состави!

Арсенал – Атлетико Мадрид, веројатни состави!

Фудбалерите на Арсенал и Атлетико Мадрид вечерва на „Емирати“ ќе го одиграат првиот натпревар од двомечот во полуфиналето во Лигата на Европа.

Ова ќе биде вистинско финале пред финале во Лигата на Европа бидејќи се сретнуваат екипите кои се први фаворити за трофејот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сигурно дека овој двомеч нешто повеќе ќе значи за Арсенал. Причината пред се е што „топчиите“ преку Премиер лигата нема да обезбедат место во Лигата на шампионите, па им останува само Лигата на Европа како шанса за излез во најелитното европско натпреварување.

Англиските медиуми на неколку часа пред почетокот на натпреварот ги објавија и веројатните состави за оваа средба.

Арсенал: Оспина, Монреал, Белерин, Мустафи, Кошчиелни Џака, Вилшер, Велбек, Озил, Рамзи, Лаказете.

Атлетико Мадрид: Облак, Хернандез, Вршаљко, Годин, Савиќ, Кореа, Коке, Габи, Саул, Гамеиро, Гризман

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За Баерн нема кој да брани: Младо момче мора на гол оти друг избор нема!

Вистински хаос се случува во Минхен. Причината се голманите кои Баерн веќе ги нема на расп…