Дома Трансфер зона Аргентинскиот талент кој го договори Сити прво ќе игра за Џирона

Аргентинскиот талент кој го договори Сити прво ќе игра за Џирона

Maнчестер Сити го договори Аргентинецот Клаудио Ечвери кој вниманието го сврте со своите одлични настапи во Ривер Плата и на младинското Светско првенство. Информацијата за договорот помеѓу Сити и Ечвери беше објавена некаде кон крајот на 2023-та година.

Таа информација ја надополни весникот „Оле“ кој излезе со ексклузива и откри дека во преговорите се вклучени четири страни и сите би требало да се задоволни.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Една страна е секако самиот фудбалер кој ќе има далеку подобри финансиски услови, друга е Ривер кој ќе може да смета на фудбалерот до крајот на годината, а потоа следат Манчестер Сити и Џирона.

Талентираниот фудбалер е продаден на Сити групацијата за сума од 18 милиони евра, но тоа не значи дека ќе настапува за тимот на Пеп уште следната сезона. Сити Груп е компанија која ја поседува и Џирона и следната сезона тој ќе ја помине во каталонскиот клуб кој е хит во Европа под водство на Мичел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познат фаворитот за потписот на Зиркзе

Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубов…