Дома Фудбал Германија Анчелоти: Баерн ми е единствено лошо искуство во кариерата!

Анчелоти: Баерн ми е единствено лошо искуство во кариерата!

Актуелниот тренер на Наполи, Карло Анчелоти истакна дека отказот во Баерн Минхен му е единственото лошо искуство во кариерата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Анчелоти во 2016 година го презеде кормилото на баварскиот гигант и го наследи Пеп Гвардиола, но после само една година доби отказ.

Токму тој отказ е најлошото искуство во богатата кариера на искусниот стратег.

„Отказот во Баерн ми е единственото горчливо искуство во кариерата. Сакав да ги променам работите во клубот, но не наидов на поддршка. Не сакаа да ја менуваат клупската структура и филозофија и да направат смена на генерацијата. Сега го прават тоа“, истакна Анчелоти.

Анчелоти го водеше Баерн на 60 натпревари на кои запиша 43 победи, осум ремија и 9 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал, Баерн, ПСЖ… Кој ќе го добие потписот на синот на Роналдо?

Младиот фудбалер кој сега настапува за Ал Наср, Кристијано Роналдо Жуниор, би можел да се …