Дома Останати Кошарка Антиќ открива: Звезда е клубот во кој ќе ја завршам кариерата

Антиќ открива: Звезда е клубот во кој ќе ја завршам кариерата

Перо Антиќ неодамна наполни 35 години и се врати во клубот кој го сака и кој го напушти во 2007 година, а во интервјуто за „Спорт клуб“ тој откри дека сезоната која е пред нас веројатно ќе биде негова последна во кариерата…

Антиќ на стартот од интервјуто истакна дека чуството да се биде повторно во Зведа е прекрасно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Сега сум 12 години постар во однос на моето прво пристигнување во овој клуб, преубаво е чуството повторно да бидам тука и мислам дека ова е моја последна година во кариерата која ќе ја завршам во Звезда, онаму каде што и посакував“, зборуваше македонскиот кошаркар.

Како што е познато, Антиќ имаше и други понуди, прилика да заработи многу повеќе пари во далечната Кина, но тој ја избра Звезда и е сигурен дека ја направил вистинската одлука.

„Се откажав од големи суми и дојдов тука на мое инситирање, но не е се во парите. Сакам да ја завршам кариерата како што треба, во клубот во кој сум опуштен и играм за навивачите, но и сум блиску до мојот дом“.

Од Антиќ многумина очекуваат да биде десна рака на тренерот, Дучан Алимијевиќ.

„Звезда во своите редови во овој момент има големи таленти, се се тоа одлични момци и не можам да издвојам еден. Атлетски се фантастично спремни, на мене е да им помогнам со своето искуство и работите низ кои поминав во мојата кариера. Тренерот ќе одлучи колкава минутажа ќе добијам, секој има своја улога во тимот. Алимпијевиќ сака агресивна игра во одбраната со многу трчање. Тој е млад и ова за него е прво евролигашко искуство, но може да се види дека знае многу за кошарката и дека живее за оваа игра, потребно е само да имаме верба и трпение“, изјави Антиќ во интервјуто за „Спорт клуб“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…