Дома Фудбал Англија Англиските медиум тврдат: Санчез може да замине за оваа сума, познат и неговиот наследник!

Англиските медиум тврдат: Санчез може да замине за оваа сума, познат и неговиот наследник!

Арсенал во зимскиот трансфер период ќе го продаде Алексис Санчез, кој не планира да го продолжи договорот со „Топчиите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако клубот од северен Лондон минатото лето ја одби понудата на Манчестер Сити од 60 милиони фунти за чилеанскиот репрезентативец, оваа зима се подготвени да го продадат за доста помала сума, за на лето да не си замине сосема бесплатно.

Англиските медиуми денеска објавија дека управата на Арсенал е подготвена да ја прифати понудата од било кој тим во износ од 2 милиони фунти. Наводно, 29-годишниот крилен напаѓач има желба повторно да соработува со Пеп Гвардиола, под чие водство играше во дресот на Барселона, од каде што пристигна на „Емирати“ во летото 2014. година за 43 милиони евра.

Покрај Манчестер Сити, за неговите услуги интерес покажаа и ПСЖ, како и германскиот шампион, Баерн Минхен. Сепак, во Арсенал веќе ја пронајдоја замената доколку си замине, а станува збор за крилниот играч на ПСЖ, Јулијан Дракслер, кој не е среќен на „Паркот на Принцовите“ поради малата минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Што кажа Роналдо пред пеналот: Постојат две теории, која е точна? (Видео)

За време на мечот од Светското првенство помеѓу Португалија и Хрватска, еден момент со Кри…