Ако сакате да гледате голови, тогаш не го пропуштајте првиот 1/8 финален натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ. Двете екипи играат крајно ефикасно во последно време, со одличен напад но со слаба одбрана. Тоа е гаранција за ефикасен натпревар.
Одличен напад, но слаба одбрана
Емре Џан даде најдобар приказ на нештата како што во моментов стојат во Дортмунд. Тој постигна гол на своето деби за овој клуб во Бундеслигата, а зачудувачки и вознемирувачки после натпреварот од пред две кола посочи во интервјуто дека неговите нови соиграчи навистина не знаеле како да се постават дефанзивно. Тогаш Дортмунд даде три гола, но прими четири од Леверкузен и загуби. Тие примија еден куп голови во изминатиот период. Но барем добро работи напаѓачкиот дел од тимот на Дортмунд. Екипата на Лусиен Фавре има постигнато 24 погодоци на шест натпревари во 2020 година, но попусто кога дефанзивата е очајна. Со таков напад, едноставно звучи неверојатно тоа што Дортмунд има два порази во 2020 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но тие славеа минатото коло над Ајнтрахт Франкфурт со 4:0 и веднаш по мечот Матс Хумелс изјави: „Ако го повториме овој настап против ПСЖ, ќе имаме голема шанса“. Сепак, домаќините ќе бидат без капитенот Марко Ројс, Томас Делани и Jулијан Брант. Затоа, Кан ќе продолжи во средниот ред со тоа што Торган Хазард ќе им се придружи на Санчо и Халанд во нападот. Мануел Аканџи би можел да го замени Писшек во одбраната, за таа да делува малку поцврсто.
ПСЖ киксна со Амиенс, но ќе се вади против Дортмунд
ПСЖ пак како и по обичај во Франција е неприкосновена. Има 10 бода предност пред Марсеј и тие нема да имаат проблем да стигнат до титулата. Но минатиот викенд одиграа разочарувачки за нив. По 40 минути губеа со 3:0 од просечниот Амиенс, па поведоа со 3:4, за на крајот со гол во 91 минута мечот да заврши 4:4. Во Лигата на Шампиони беа перфектни и одиграа само едно реми, наспроти петте победи, а беа во група со Реал Мадрид. Впрочем, целта на Тухел сезонава е Лигата на Шампиони, а сопствениците на ПСЖ веројатно воопшто нема да се радуваат на титулата во Лига 1. На последните 23 меча, ПСЖ има само трин ремија, а на последните, а на последните пет меча постигна 21 гол, но и прими осум гола.
Килијан Мбапе и Нејмар беа изоставени од составот на ПСЖ во саботата, додека Херера настапи како импровизиран десен бек, а Томас Тухел посочи дека има малку грижи пред Дортмунд, велејќи: „Зошто би се грижел. Мислите дека ќе биде ист натпревар во Дортмунд? Не сум загрижен. Имам доверба во моите играчи“.
Очекувам крајно ефикасен натпревар
Тешко е да се отфрли потенцијалот за голови во Северна Рајна-Вестфалија. Дортмунд стана првата екипа која постигна пет гола на три последователни натпревари во Бундес-лигата на почетокот на 2020 година, а по уништувањето на Франкфурт, Дортмунд веќе има неверојатни 63 голови во лигата на само 22 натпревари.
ПСЖ постигна седум гола во последните три гостувања во Лига 1, а последен пат не успеале да дадат гол во Септември 2019 година.
Тие не одиграле 0:0 на последните 30 средби во Лигата на шампионите. Францускиот шампион не постигна гол само во мај 2018 година, а 25 од изминатите 30 дуели на ПСЖ во ова натпреварување завршиле со Над 2,5 голови.
Ако ПСЖ прими четири гола од Амиенс, нема зошто да не веруваме дека Дортмунд со толку добар напад нема да даде гол. Истото пак важи и за одбраната на Дортмунд која игра слабо во последно време.