Дома Фудбал Италија Алегри: Роналдо во Јувентус ќе ја освои шестата „Златна топка“

Алегри: Роналдо во Јувентус ќе ја освои шестата „Златна топка“

Кристиано Роналдо не се појави во Париз на доделувањето на „Златната топка“ која ја освои Лука Модриќ, а неговата сестра подоцна преку Инстаграм жестоко го нападна „Франс Фудбал“.

Многумина го критикуваа Роналдо затоа што не се појави во Париз, а неговиот тренер од Јувентус, Масимилијано Алегри беше запрашан за непојавувањето на Роналдо на церемонијата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Кристиано ја заслужи Златната топка за се што направи минатата сезона во Лигата на шампионите со Реал. Подоцна со Португалија на Мундијалот не можеше да направи премногу. Нема сомневање дека победата на Модриќ го мотивираше и дека сега ќе биде уште подобар за следната година со Јувентус да ја освои шестата Златна топка“.

„Роналдо го зголеми и онака високото ниво на професионализам во Јувентус. Тој е одличен фудбалер, но и скромен човек кој дава се од себе да секој тренинг. Тој е пример за сите млади фудбалери“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

За многумина стартот над Хакими беше за во „затвор“, а Крос шокираше: Не беше ниту за црвен! (Видео)

ПСЖ, актуелниот победник во Лигата на шампионите, објави дека ќе биде без повредениот маро…