Дома Фудбал Италија Алегри: Рома е идеален клуб за Дибала

Алегри: Рома е идеален клуб за Дибала

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри верува дека Дибала направил правилен избор што кариерата ќе ја продолжи во Рома.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот летово по истекот на договорот се раздели со Јувентус, а иако беше блиску до потпис со Интер, сепак на крајот заврши во Рома.

„Верувам дека тоа е вистинскиот клуб за него и му посакувам многу среќа. Тој е играч кој му даде многу на Јувентус и мислам дека ќе се снајде многу добро во Рома“.

„Тој е многу технички квалитетен играч и одлично ќе функционира со играч како Теми Абрахам. Потоа го имате менаџерот Жозе Мурињо, кој е многу добар“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан тргнува по Габриел Жесус

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус активно бара нов предизвик, откако го загуби првотимскио…