Јувентус се надеваше на победа против Монца и враќање на победничките патеки, но „старата дама“ одигра уште еден блед натпревар и Монца славеше победа од 0:2.




Дебитантите во Серија А сезонава двапати го победи Јувентус. Влаховиќ се врати, Погба беше на клупата, но играта беше потпросечна.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Верувам дека никогаш не сме имале вакво полувреме. Второто пбеше подобро. Мораме да ја преземем одговрноста. Освоивме 38 бодови, но реалноста е дека сега имаме 23 и тоа мораме да го прифатиме и да бидеме свесни за позицијата во која се наоѓаме“.




„Многу сме бавни и лошо реагиравме по нивниот поништен гол. Не смееме да губиме натпревари на ваков начин, мораме да се вратиме пред се на ментален начин. Ако некој не е способен за тоа ќе остане надвор. По денешниот пораз ќе ја анализираме нашата ситуација и се надевам дека бесот и инатот ќе бидат мотив за фудбалерите во следните натпревари“, изјави Алегри.




Јувентус сега се наоѓа на 13-тата позиција и во четврток го чек натпреварот од четвртфиналето во Купот на Италија против Лацио.



