Дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервајлед е на излезна врата, но може да остане во клубот и следната сезона.
Белгиецот во договорот има откупна клаузула според која може да си замине за 25 милиони евра. Меѓутоа, рокот на клаузулата истекува во четврток, а потоа заинтересираните клубови ќе мора да преговараат со „спарси“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
30-годишниот дефанзивец има договор со Тотенхем на уште една година, а за него најсериозен интерес во моментов покажува Рома.
Меѓутоа, „волчицата“ има рок од три дена да ја активира клаузулата, во спротивно Алдервајлед ќе остане во Лондон.
„Јас сум фокусиран на Тотенхем и не знам што ќе се случи. Во фудбалот работите се менуваат брзо, но менаџерот знае дека јас сум професионален и го давам најдоброто за овој клуб“, изјави Алдервајлед.
Toby Alderweireld makes decision on his Tottenham future | @sbates_people https://t.co/NJo6e2IrSg pic.twitter.com/uhkqwHGwYR
— Mirror Football (@MirrorFootball) July 22, 2019