Дома Трансфер зона Милан започна преговори со ѕвездата на Тотенхем

Милан започна преговори со ѕвездата на Тотенхем

Белгискиот репрезентативец Тоби Алдервајлед е на излезна врата од Тотенхем, а според последните информации големи се шансите кариерата да ја продолжи во Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алдербајлед влезе во последната година од договорот и нема најави за негово продолжување, па е слободен да преговара со заинтересираните клубови.

Најсилен интерес во моментов за 30-годишниот дефанзивец покажува Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

„Росонерите“ сакаат да ја победат конкуренцијата и уште во јануари да потпишат преддоговор со Белгиецот, па веќе ја презентирале својата понуда.

Во меѓувреме Мурињо се обидува да го убеди дефанзивецот да остане во Тотенхем, но белгиските медиуми тврдат дека Алдервајлед е спремен за нова авантура и е отворен за преселба во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…