Дома Луд Спорт Албанец остана без трансфер поради маица со натпис „УЧК“

Албанец остана без трансфер поради маица со натпис „УЧК“

kecha

Интересна ситуација беше забележана во последниот ден од преодниот рок.

Имено, навивачите на кипарски АПОЕЛ спречија трансфер на Ердис Кеча во клубот од Никозија поради неговата фотографија на неговиот Фејсбук профил на која носи маица со натпис на т.н организација „УЧК’.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кипарските медиуми пренесуваа дека договорена била позајмица помеѓу ПАОК и АПОЕЛ, но истата во последен момент била поништена поради притисокот на фановите на „жолто-сините“.

Албанскиот репрезентативец дури и отпатувал во Кипар, но навивачите поради неговата слика на Фејсбук профилот го стопирале трансферот.

Кеча сепак подоцна успеа да направи трансфер, но не во АПОЕЛ туку во Панатинаикос каде што ќе настапува како позајмен фудбалер до крајот на сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Нереди во Франција: Бесните навивачи ги гаѓаа играчите со факели🎥

Натпреварот од 36-то коло на француската Лига 2 Троа – Валенсиен беше прекинат и зав…