Дома Трансфер зона Ако не стигне до потписот на Де Јонг, Манчестер Јунајтед има алтернатива

Ако не стигне до потписот на Де Јонг, Манчестер Јунајтед има алтернатива

Манчестер Јунајтед до овој момент е единствениот клуб од англиската елита кој нема официјално потврдено пристигнување на некој играч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Една од главните мети на клубот од „Олд Трафорд“ е Френки Де Јонг. Јунајтед според информациите веќе испратил една понуда од 60 милиони евра, плус бонуси, но тоа не е доволно за челниците на „црвените ѓаволи“.

Сепак, во Јунајтед не мислат лесно да се откажат и се најавува дека ќе се обидат со понуда од 75 милиони евра. Но, во клубот имаат и план „Б“ ако во Барселона не ја прифатат понудата.

Наводно, Теун Купмајнерс кој е исто така Холанѓанец е алтернатива за Де Јонг. Централниот играч за врска кој е од школата на Аз Алкмар во Аталанта пристигна минатото лето и би можел да ги чини „ѓаволите“ околу 50 милиони евра.

Станува збор за фудбалер кој може да игра на повеќе позиции во средниот ред и да помага на одбраната. Сепак, како што споменавме прва опција е Де Јонг, па ако и дефинитивно не успеат ќе тргнат по потписот на Купмајнерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…