Дома Македонски спорт Мак фудбал Азиновиќ: Со три бода против Работнички да се оддолжиме на нашите навивачи

Азиновиќ: Со три бода против Работнички да се оддолжиме на нашите навивачи

Фудбалерите на Брегалница утре во Штип пред своите навивачи ги очекува претпоследниот предизвик оваа есен во Првата македонска фудбалска лига. Во 17. коло од шампионатот „сините“ го пречекуваат Работнички во желбите за нова победа на домашен терен.

По квалитетното издание на гостувањето против Академија Пандев во Струмица, и дефанзивецот Антонио Азиновиќ верува во натпревар за позитивен резултат и против „романтичарите“. Хрватскиот дефанзивец потенцира дека тимот има одлична есен која треба да се заокружи со два позитивни резултати во последните две есенски кола.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Брегалница има одлични натпревари оваа есен и сосема заслужено се наоѓа во горниот дел од табелата. Одигравме повеќе од квалитетно на гостувањето против една од најдобрите екипи во лигата, Академија Пандев. Мислам дека заслуживме и победа, но сето тоа сега е зад нас па максимално се фокусираме на натпреварот со Работнички“ – вели Азиновиќ, и дополнува:

„Не чека уште еден тежок натпревар, против силен противник кој изминативе кола загуби доста бодови па сигурно сега против нас ќе го дадат максимумот за победа. Но, и нашите амбиции се триумф затоа што сакаме со три бода да им се оддолжиме на нашите навивачи кои секој натпревар се со нас и максимално не поддржуваат“.

Натпреварот меѓу Брегалница и Работнички во рамките на 17. коло од Првата македонска фудбалска лига се игра утре со почеток од 13 часот на Градскиот стадион во Штип.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…