Дома Трансфер зона Агентот на Асенсио: Горди сме на интересот од Милан

Агентот на Асенсио: Горди сме на интересот од Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио ќе биде примарна трансфер цел на Милан во летниот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанските медиуми пренесуваат дека Асенсио не е задоволен од статусот кој го има во тимот, па сериозно размислува да го напушти клубот.

Најсилен интерес покажува Милан, кој веќе работи на трансферот. Асенсио на лето влегува во последната година од договорот, па трансферната сума нема да биде висока и нема да биде проблем за „росонерите“.

Агентот на Шпанецот денес го потврди интересот на Милан и не ја исклучи можноста да се пресели во Италија.

„Горди сме на интересот на Милан. Трансферот во Милано е конкретна опција. Постои интерес и од англиски клубови, ќе одлучиме на крајот на сезоната“, изјави агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…