Дома Фудбал Знаете ли кој бил најплатен играч во Премиер лигата во 1992 година? Заработувал 40 пати помалку од Де Брујн

Знаете ли кој бил најплатен играч во Премиер лигата во 1992 година? Заработувал 40 пати помалку од Де Брујн

Фудбалот во последните триесет години доживеа огромна експанзија и стана една од најпрофитабилните бизниси во светот, а со тоа профитираа и фудбалерите, бидејќи нивната професија стана една од најфинансиски исплатливите.

Секако, зборуваме за фудбалери кои играат на највисоко ниво, а посебно во англиската Премиер лига, далеку најпопуларната лига во светот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Англиските медиуми овие денови објавија неверојатна споредба на заработката на фудбалерите кога Премиер лигата како лига првпат беше основана (во 1992 година) со денешните плати на играчите кои играат на Островот, а разликата е сосема неверојатна.

Премиер лигата под тоа име првпат се играше во сезоната 1992/93, а тогаш најплатениот играч беше легендарниот Англичанец Џон Барнс, кој играјќи за Ливерпул заработуваше само 10.000 фунти неделно.

За споредба, денешниот најплатен играч на Премиер лигата е Кевин де Брујне, а тој заработува 40 пати повеќе од Барнс, бидејќи Граѓаните го плаќаат неделно 400.000 фунти.

По Барнс, најплатен беше Ерик Кантона, кого Јунајтед го плаќаше во 1994 година 18.000 фунти неделно, а првиот што ја проби “магичната” сума од 100.000 фунти беше Стивен Џерард, кој во 2005 година потпиша со Ливерпул договор според кој неделно заработуваше оваа шестцифрена сума.

Потоа границите постојано се поместуваа, а врвот беше сезоната 2020/21, кога Герет Бејл беше најплатениот играч на лигата со плата од 560.000 фунти неделно, но тогаш поголемиот дел од платата го исплаќаше Реал Мадрид, кој го позајми на Тотенхем.

Листа на најплатени играчи по сезона во Премиер лигата:

1992/93: Џон Барнс – 10.000 фунти неделно

1993/94: Џон Барнс – 10.000 фунти неделно

1994/95: Ерик Кантона – 18.000 фунти неделно

1995/96: Денис Бергкамп – 25.000 фунти неделно

1996/97: Фабрицио Раванели – 42.000 фунти неделно

1997/98: Алан Ширер – 34.000 фунти неделно

1998/99: Алан Ширер – 34.000 фунти неделно

1999/00: Рој Кин – 52.000 фунти неделно

2000/01: Рој Кин – 52.000 фунти неделно

2001/02: Рој Кин – 90.000 фунти неделно

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…