
Трансферот на Ник Волтемаде во англискиот гигант Њукасл за сума од 85 милиони евра уште од самиот почеток предизвика бројни полемики во фудбалската јавност. Дел од аналитичарите сметаа дека станува збор за преголема инвестиција, особено ако се земе предвид искуството и досегашниот учинок на германскиот напаѓач.
Меѓу најгласните критичари беше поранешниот извршен директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, кој отворено го доведе во прашање оправдувањето на ваквата сума. Баварците претходно покажале интерес за Волтемаде, но не биле подготвени да платат 85 милиони евра. Откако трансферот беше финализиран, Румениге саркастично порача дека Штутгарт одлично ја завршил работата со продажбата.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Критиките дополнително се засилија откако британскиот медиум talkSPORT го оцени трансферот како еден од најнеуспешните во историјата на Премиер лига. Од таму потенцираа дека очекувањата од играч за кој се платени 85 милиони евра мора да бидат значително повисоки.