Дома Останати Тенис Заработува милиони, а живее во „30 квадрати“: Јаник Синер изненади со новото признание

Заработува милиони, а живее во „30 квадрати“: Јаник Синер изненади со новото признание

Вториот тенисер на светот Јаник Синер неодамна ја освои 21. АТП титула во кариерата кога триумфираше во Пекинг, а шанса да го зголеми бројот на пехари во трофејната соба ќе има на Мастерсот во Шангај. По откажувањето на Карлос Алкараз, ќе биде главен фаворит за титулата, додека најголеми конкуренти ќе му бидат Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев.

Италијанецот во 2025 година освои три титули, додека минатата сезона беше многу поуспешен, бидејќи собра дури осум. Сѐ поголемиот број трофеи му создава проблем бидејќи живее во многу мал стан, па вредностите мора да ги чува кај родителите во семејната куќа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јаник по освојувањето на Пекинг беше запрашан каде ги чува трофеите, а неговиот одговор изненади многумина. “Секогаш кај моите родители. Мојот стан е доста мал, така што нема многу простор”, рече вториот „рекет“ на планетата.

Тоа што живее во скромен стан е прилично чудно ако земеме предвид дека Синер е еден од најплатените спортисти денес. Според податоците на Форбс во 2024 година заработил околу 26,5 милиони долари, од кои 11,6 милиони од награди на турнири, а 15 милиони од спонзорски договори. Неговата вкупна заработка изнесува 47,3 милиони долари, а повеќе од половината од таа сума е заработка од спонзори. Италијанецот соработува со популарни брендови како Најк, ЧиЧи, Алфа Ромео, Лаваца. Наводно неговиот договор со Најк е вреден 150 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Стана првата тенисерка која ги зголеми градите, а сега со „жешки“ фотографии ги израдува фановите (Фото)

Француската тенисерка, Осејан Додан, се најде во фокусот на јавноста, но не поради одлични…