Дома Фудбал За затвор: Вака не се игра фудбал! Директен црвен картон на натпревар од Лига на шампиони (ВИДЕО)

За затвор: Вака не се игра фудбал! Директен црвен картон на натпревар од Лига на шампиони (ВИДЕО)

Барселона го совлада Олимпијакос со резултат 6:1 во првиот натпревар од третото коло на Лига на шампиони Во истопт период се одигра и натпреварот помеѓу Пафос и Каират Алмати.

Тренерот на Пафос, Хуан Карлос Карседо, беше принуден речиси целиот меч да игра со десетмина играчи поради неверојатниот потег на неговиот играч Жоао Кореја.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Станува збор за десен бек и репрезентативец на Зеленортските Острови, роден во Португалија, кој стана познат по голот против Црвена звезда во Белград, кога го постигна во првата минута од реваншот.

Но, овој пат, Кореја беше трагичар – уште во четвртата минута доби директен црвен картон откако го удри во глава португалскиот лев бек Луис Матеус.

Таквиот потег, како што иронично забележаа медиумите, „можеби би вредел три поени во теквондо“, но секако не е соодветен за фудбалски терени, особено на вакво ниво на натпреварување.

Поради исклучувањето, стрелецот на важниот гол против српскиот шампион нема да може да настапи во следното коло, кога Пафос дома ќе го дочека Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова вечер во Лигата на шампионите: Ќе гледаме спектакл во Мадрид!

Вечерва на програмата е 3. коло од Лигата на шампионите, каде главната сцена ќе ја заземе …