Дома Останати Кошарка Вистинскиот спектакл во НБА само што започнува: Ова се паровите во плеј-офот и плеј-инот

Вистинскиот спектакл во НБА само што започнува: Ова се паровите во плеј-офот и плеј-инот

Последните натпревари од регуларната сезона на НБА лигата се одиграа вчера, а така станаа познати сите учесници во плеј-офот и плеј-инот на најсилната кошаркарска лига во светот.

Подетално, после натпреварите од плеј-инот ќе станат познати сите парови во плеј-офот, бидејќи најдобрите екипи од регуларниот дел од сезоната сè уште го чекаат својот прв противник во разигрувањето.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


За место во разигрувањето преку плеј-инот на Западот ќе се борат Сакраменто Кингзи и Далас Маверикси, односно Голден Стејт Вориорзи и Мемфис Гризлиси, додека на Истокот ќе се состанат Чикаго Булси и Мајами Хити и Атланта Хокси и Орландо Меџик.

Во продолжение погледнете ја целосната структура на НБА разигрувањето:

Плеј-ин:

Исток:

A) Орландо (7) – Атланта (8)

B) Чикаго (9) – Мајами (10)

Запад:

A) Голден Стејт (7) – Мемфис (8)

B) Сакраменто (9) – Далас (10)

Четвртфинале плеј-офа:

Исток:

A) Кливленд (1)– поразен A/победник B

B) Бостон – победник A

C) Њујорк (3) – Детроит (6)

D) Индијана (4) – Милвоки (5)

Запад:

A) Оклахома (1) – поразен A/победник B

B) Хјустон (2) – победник A

C) ЛА Лејкерси (3) – Минесота (6)

D) Денвер (4) – ЛА Клиперси (5)

Секако, форматот на натпреварувањето е таков што во првата рунда играат седмо против осмо, при што седмото е домаќин, односно девето против десетто, каде што деветтото е домаќин.

Победникот од натпреварот помеѓу седмиот и осмиот е директен учесник во плеј-офот и ќе се сретне со второпласираниот тим после лигашкиот дел од сезоната без предност на домашен терен.

Поразениот во дуелот од седмиот и осмиот добива нова шанса во натпревар дома со победникот од дуелот помеѓу деветтиот и десеттиот. Со други зборови, за да освојат осмата позиција во плеј-офот, деветтиот или десеттиот мораат да забележат две победи, додека седмиот и осмиот можат да си дозволат луксуз да го изгубат првиот дуел, бидејќи тогаш имаат и втора шанса, која ја заслужија со подобриот пласман во регуларната сезона.

Да потсетиме, титулата првак на НБА лигата ја брани тимот на Бостон Селтикс, кој во минатогодишното финале го разниша Далас и го освои прстенот.

Првите натпревари од плеј-инот се играат на 17 април.

Фото: NBA
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ како никој од Европа претходно – ги симна од врвот Кари и Леброн!

Дресот на Лука Дончиќ е најпродаван во НБА лигата. Прв пат се случува, од сезоната 2012/13…