
Нико Вилијамс сфати каква грешка направил минатата година кога одбил трансфер во Барселона, а колку е решителен ова лето да потпише за Каталонците најдобро покажува тоа што им кажал на играчите на Каталонците откако ги завршиле своите обврски со репрезентацијата на Шпанија.
Барселона пред една година вложи огромен напор да го доведе Вилијамс од Атлетик Билбао, но тој реши да се премисли во последен момент и го продолжи договорот со клубот од „Сан Мамес“.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Тоа беше жесток удар за Каталонците бидејќи сѐ беа договориле со Вилијамс, но на крај се насочиja кон други решенија и решија да платат 60 милиони евра за да го доведат Дани Олмо.
Но, на Вилијамс не му требаше многу да се кае што ја одбил Барселона и како што наведуваат шпанските медиуми, овој 22-годишник се обидува на сите начини да го привлече повторно интересот на Каталонците.
„Mundo Deportivo“ објави дека Вилијамс прв контактирал со Дека и му дал до знаење дека сака во Барселона и дека му е жал што пред една година го одбил трансферот.
Не е тајна дека Барселона бара засилувања на крилните позиции и Вилијамс сигурно би бил одлично решение, но Каталонците покрај него на листата на желби ги имаат уште и Луис Дијаз и Маркус Рашфорд.
По натпреварот во Минхен, играчите на Шпанија заминуваат на заслужен одмор, а пред разделбата Вилијамс наводно најмногу зборувал со играчите кои играат за Барселона и за нив имал јасна порака.
„Браќа, ве молам поведете и мене со вас“, наводно им кажал Вилијамс на играчите на Барселона.
Фото: Принтскрин