
Нико Вилијамс минатото лето беше пред потпис за Барселона, но се предомисли во последен момент и реши да не го напушта Атлетик Билбао. Шпанските медиуми пишуваат дека се покајал поради тоа и се обидел да го исправи, но кога го контактирал Деко сфатил „колку е часот“.
Барселона минатото лето немаше многу пари за доведување засилувања поради финансискиот фер-плеј, и беше јасно дека каталонскиот клуб може да доведе само едно звучно име.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Првата желба на спортскиот директор Деко беше Нико Вилијамс затоа што имаше намера на крилните позиции да бидат тој и Ламине Јамал исто како и во репрезентацијата на Шпанија на која минатото лето и донесоа титула на европски прваци.
Иако преговорите меѓу Барселона и Вилијамс водеа во вистинската насока и се очекуваше овој млад фудбалер да потпише за Каталонците, на крај се предомисли и одлучи да остане во Билбао. Тој со клубот од Сан Мамес потпиша нов договор и го задолжи дресот со број десет. Сметаше дека уште не е време да го напушти Атлетик Билбао, но набргу потоа се покајал.
Шпанските медиуми пишуваат дека на Вилијамс му е криво што го убедиле дека останувањето во Билбао е најдобрата опција и се кае што ја одби Барселона кога виде каква сезона имаше каталонскиот тим.
Исто така, се наведува дека Вилијамс сака да ја исправи таа грешка и наводно го контактирал Деко пред неколку дена кога слушнал дека Барселона сака да воведе крилен напаѓач и ја дал до знаење дека би сакал тој да биде нивниот избор.
Но, Деко не го заборавил тоа што Вилијамс му го приредил на Барселона минатото лето и како ги одбил кога сè веќе било договорено, па се заблагодарил на играчот на Атлетик за повикот и му порачал дека „возот поминал“ и дека од неговото доаѓање во Блауганата нема ништо.
Фото: Принтскрин