Дома Останати Кошарка ВИДЕО Триумфалното враќање на Дончиќ во Далас: прво заплака, а потоа доминираше

ВИДЕО Триумфалното враќање на Дончиќ во Далас: прво заплака, а потоа доминираше

ЛУКА ДОНЧИЌ (26) првпат играше во Далас против Мавси, клубот во кој се прослави, каде што беше супезвезда и во кој помина пет и пол години. Меѓутоа, пред два месеца Нико Харисон, главниот менаџер на Далас, шокантно го размени Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс за Ентони Дејвис.

Таа размена се случи две години пред истекот на договорот на Дончиќ и претставува една од најсензационалните зделки во историјата на НБА лигата. Дончиќ сега се врати во Далас. Прво се расплака гледајќи го видеото што клубот го направи во негова чест.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Потоа им покажа на Мавс кого отпишале. Во победата на Лејкерс 112:97, за 38 минути постигна 45 поени. Така го изедначи сезонскиот рекорд. Тоа веќе го постигна еднаш како играч на Далас и еднаш како играч на Лејкерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Попуштија нервите: Се степаа кошаркарите на на Клиперс и Денвер (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија ЛА Клиперс со 101:99 со забивањето на Арон Гордон…