Дома Фудбал Венгер немилосрдно го понижи Манчестер јунајтед: Ова не е фер!

Венгер немилосрдно го понижи Манчестер јунајтед: Ова не е фер!

Манчестер Јунајтед е на чекор до пласман во финалето на Европската лига каде со освојување на натпреварувањето би добиле место во Лигата на шампионите. За легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, никако не е фер што тимот на 15-то место во Премиерлигата има можност да настапува во елитното натпреварување.

Уште една катастрофална сезона е зад Манчестер Јунајтед. Црвените ѓаволи се само на 15-то место во Премиерлигата, но Рубен Аморим по само неколку месеци во клубот би можел да доведе до трофеј.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Јунајтед е на чекор до пласман во финалето на Европската лига. Тие го добија првиот меч на гостувањето кај Атлетик Билбао со 3:0 и сега дома треба само да ја завршат работата за пласман во финалето.

Таму нивни противник би можел да биде Тотенхем, кој исто така е катастрофален во првенството (16-ти), а Спарс го совладаа норвешкиот Бодо/Глимт со 3:1. Така, еден тим со очајна сезона би можел да профитира од Европската лига и со освојување на натпреварувањето неочекувано да стигне до Лигата на шампионите.

За легендарниот Арсен Венгер вакво нешто никако не е фер. Познатиот Французин би ги променил правилата на УЕФА и не би дозволил Јунајтед или Тотенхем да ја донесат Англија како шести претставник во Лигата на шампионите.

“Не е праведно. Треба да добијат место во Европската лига, а не во Лигата на шампионите. Зошто? Затоа што Премиерлигата веќе има пет клуба во натпреварувањето. Тоа е нешто за коешто УЕФА мора да размисли и размисли што дозволува”, рече Венгер.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…