Дома Останати Кошарка Вембањама го растури шампионот и го однесе Спарс во НБА финалето: Нè очекува реприза од 1999 година

Вембањама го растури шампионот и го однесе Спарс во НБА финалето: Нè очекува реприза од 1999 година

Сан Антонио славеше во мајсторката против Оклахома Сити и се избори за големото финале против Њујорк Никс!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сан Антонио Спарс ќе играат во големото НБА финале откако во одлучувачкиот седми натпревар од финалето на Западната конференција го совладаа актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер со резултат 111:103.

Така, младата екипа предводена од Виктор Вембањама направи уште еден голем чекор кон создавање нова династија, додека Оклахома Сити остана без можност да го брани освоениот шампионски наслов од минатата сезона.

Францускиот феномен уште еднаш покажа зошто многумина го сметаат за идно заштитно лице на НБА лигата.

Вембањама го заврши натпреварот со 22 поени и седум скокови, а по завршувањето му беше доделен и трофејот Магик Џонсон за МВП на финалето на Западната конференција.

Спарс ќе се борат за шампионската титула против Њујорк Никс, што претставува реприза на легендарното НБА финале од 1999 година кога токму Сан Антонио предводени од Тим Данкан го освоиле својот прв шампионски прстен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…