Дома Македонски спорт Мак фудбал Велковски најде клуб, ќе игра во Унгарија

Велковски најде клуб, ќе игра во Унгарија

Македонскиот дефанзивец, Дарко Велковски стави потпис на договор со унгарскиот клуб, Нирегихаза Спартак.

Клубот кој се бори за опстанок во најсилната унгарска лига денеска официјално објави дека го ангажира Македонецот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Сметам дека унгарската лига е многу конкурентна, а Нирегихаза Спартак располага со врвна инфраструктура. Импресиониран сум од модерниот стадион и од посветеноста на навивачите. Очекувам да го дадам својот максимум и да помогнам во остварување на целите на тимот. Визијата на клубот и начинот на работа на тренерскиот тим ме убедија дека ова е вистинското место за мене“, изјави Велковски.

Велковски стави потпис со Нирегихаза на договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…