Дома Македонски спорт Дарко Велковски на крајот од сезоната си заминува од Ријека

Дарко Велковски на крајот од сезоната си заминува од Ријека

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Велковски ќе си замине од Ријека на крајот од сезоната кога истекува неговиот договор.

Заминувањето на Велковски го најави еден од најпознатите спортски весници во Хрватска „Спортске Новости“. Во текстот во кој се пишува за голема реконструкција во Ријека се наведува дека Велковски ќе биде еден од оние кои ќе си заминат.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Договорот на Велковски истекува и извесно е неговото заминување, откако пред четири години дојде од Вардар. Очигледно Велковски не успеа да ја добие поддршката од првиот човек Мишковиќ за да остане во Ријек. Освен тоа Велковски често пати во овие четири години беше повреден, посебно во првите години од договорот. Во четири години тој има само 75 настапи во кои постигна два гола и подели две асистенции. Ако Велковски во Ријека беше барем половина од нивото и константноста која ја има во репрезентацијата на Македонија, веројатно денес ќе пишувавме за најдобриот стоепр во ХНЛ“, стои во текстот на „Спортске Новости“.

Велковски покрај Вардар со кој играше и во групите од Лигата на Европа во историската 2017 година го носеше дресот и на Работнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …