Дома Фудбал Вардар поднел иницијатива јужната трибина да го носи името на Рингов, неговата 11-ка оди во историјата!

Вардар поднел иницијатива јужната трибина да го носи името на Рингов, неговата 11-ка оди во историјата!

Екипата на Вардар денеска одржа комеморативна седница посветена на легендарниот Васил Рингов, кој почина минатата недела на 70-годишна возраст. Човекот кој остави неизбришлив белег во историјата на „црвено-црните“, зад себе остави повеќе од 200 одиграни натпревари и 93 постигнати погодоци во дресот на Вардар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во знак на почит кон неговиот придонес, клубот донесе одлука трајно да го повлече дресот со број 11, кој ќе остане симбол на Рингов и неговото фудбалско наследство. Дополнително, од Вардар информираа дека е поднесена иницијатива јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ да го носи името на легендарниот напаѓач.

На комеморацијата се обрати и извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, кој со емотивни зборови зборуваше за ликот и делото на Рингов, потенцирајќи ја неговата човечка и спортска големина:

„Рингов беше фудбалер кој настрада од синдромот Скопје – Македонија, како и неколку други македонски фудбалери. Тоа беше синдромот дека репрезентацијата на Југославија се правеше во Белград, Загреб, Сплит… никогаш во Скопје. Но, тоа не му попречи на Рингов да стане легенда на македонскиот фудбал, една од иконите на фудбалот. Васил Рингов беше одличен фудбалер, тука има фудбалери кои за интернационалната кариера можат да му се заблагодарат на него, бидејќи ги погодуваше во трепавица. Рингов не беше само голем фудбалер, тој пред се беше голем човек.

Во фудбалот често е присутен проблемот со суетите, Рингов е еден од ретките кои беше во фудбалот, а да нема непријатели, афери, подметнувања… остана и си замина како голем човек“, изјави Неделковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Патрик Виера за првпат може да стане селектор, ќе води репрезентација која играше на Мундијалот

Патрик Виеира се наоѓа на прагот на преземање на националниот фудбалски тим на Сенегал. Сп…