Дома Фудбал Вардар на крајот останува без Мато и нема да добие ниту евро!

Вардар на крајот останува без Мато и нема да добие ниту евро!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар по завршувањето на сезоната ќе се раздели со еден од своите клучни фудбалери, Роџерс Мато. Иако постоеја обиди угандскиот репрезентативец да остане во Скопје, неговата кариера продолжува во Шкотска.

Шкотскиот прволигаш Хартс официјално потврди дека постигнал договор со 22-годишниот крилен напаѓач, кој во јули ќе им се приклучи како слободен играч. Мато се согласил на тригодишен договор со клубот од Единбург.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Одушевени сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор со репрезентативецот на Уганда, Роџерс Мато кој ќе стане играч на Хартс ова лето. 22-годишникот доаѓа во јули по истекот на неговиот договор со македонски Вардар и ќе потпише тригодишна соработка“, соопштија од Хартс.

Во изминатите месеци трансферот на Мато беше честа тема на шпекулации. Хартс покажа интерес уште во зимскиот преоден рок и достави понуда од 350.000 евра, но од редовите на Вардар тогаш побараа 1,5 милиони евра за неговите услуги.

На крајот, договор не беше постигнат, па Мато по истекот на актуелниот договор бесплатно го напушта Вардар и ќе ја продолжи фудбалската авантура на „островот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фенербахче испрати понуда за еден од најдобрите играчи за врска во историјата на фудбалот (Фото)

Турскиот гигант Фенербахче направи сензационален потег на трансфер пазарот и испрати понуд…