
Вардар по доведувањето на Леон Љевар не застанува со активностите на трансфер-пазарот, а според најавите од хрватските медиуми, „црвено-црните“ би можеле да се засилат со уште еден хрватски ракометар.
Станува збор за Ивано Павловиќ, актуелен репрезентативец на Хрватска кој настапува на Европското првенство, каде што неговата селекција обезбеди пласман во втората фаза. Павловиќ е член на Загреб од 2024 година, откако претходно го носеше дресот на Извиѓач Љубушки и важи за еден од поинтересните млади ракометари во регионот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сепак, Вардар не е единствениот клуб кој ја следи неговата ситуација. Во трката за неговиот потпис, според истите извори, се вклучени и европските ракометни имиња како ПИК Сегед, Бенфика и Спортинг Лисабон.
Дополнителен предизвик за потенцијалните заинтересирани клубови е долгорочниот договор на Павловиќ со Загреб, кој важи до 2029 година, што значи дека евентуалниот трансфер би подразбирал и плаќање на соодветна отштета.
🚨🇭🇷 IVANO PAVLOVIĆ IN DEMAND!
— Hen Livgot (@Hen_Livgot) January 22, 2026
22.yo Croatia intl. RK Zagreb centre back is wanted by Sporting, Benfica, PICK Szeged & Vardar that tracking him.
© Hen Livgot (@livgot)#Handball pic.twitter.com/eJEAm8wZ4L