Лестер Сити се соочува со сериозна криза откако тензиите во соблекувалната дополнително се зголемија по седмиот последователен пораз, овој пат против Фулам.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако Руд ван Нистелрој накратко го презеде Манчестер Јунајтед забележуваше победи и сите потајно се надеваа дека легендата ќе остане нешто подолго на клупата.
Сепак, неколку дена потоа светот беше запознаен со фактот дека Рубен Аморим е новиот тренер на Јунајтед, што го остави Ван Нистелрој без работа.
Холанѓанецот, како ни Аморим, не сакаше да остане помошник тренер, гледајќи дека може да постигне солидни резултати и кога е тој „главен“.
Па така замина за Лестер, тим кој успеа да се врати во Премиер лигата и во моментот кога тој ги презеде, во ноември, се криеше во жестока борба за опстанок.
Холанѓанецот помисли дека некои работи ќе ги реши и со малку поагресивен став, но се излажа.
Според дел од англиските медиуми, Руд по поразот пред домашната публика за малку ќе предизвикаше тепачка.
Тој по натпреварот влезе во соблекувалната и почна да ги обвинува сите играчи.
Сè додека не стигна до младиот Факундо Буонаноте кој беше еден од „најголемите“ виновници за неговото незадоволство, по што следел физички инцидент.