Дома Останати Тенис Вакво нешто никој не очекуваше: Синер шокираше со одлуката на три дена пред Вимблдон!

Вакво нешто никој не очекуваше: Синер шокираше со одлуката на три дена пред Вимблдон!

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер три дена пред почетокот на Вимблдон донесе одлука да се раздели со двајца клучни членови на својот тениски тим, кое остави многумина изненадени во тениските кругови.

По помалку од една година заедничка работа која започна во септември, Синер одлучи да се раздели со кондициониот тренер Марко Паничи и физиотерапевтот Улисес Бадио.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Иако Синер изјави дека зaмената е рутина и дека е резултат на неговата потреба за промена во кариерата, јасно е дека зад оваа одлука лежи нешто посериозно, бидејќи таква драстична одлука ретко се носи само три дена пред почетокот на најголемиот тениски турнир во светот.

Особено изненадува бидејќи Синер останува без физиотерапевт во пресрет на Вимблдон, што значи дека ќе мора да настапи без лицето одговорно за неговата физичка кондиција.

Одлуката го изненади и Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер, кој заедно со Паничи и Бадио соработуваше пред да влезат во тимот на Синер.

“Двајцата се извонредни професионалци кои многу придонесоа за моите успеси. Не ги знам причините за нивната разделба, но сум навистина изненаден бидејќи мислам дека значително ја подобрија физичката кондиција на Синер изминатата година”, истакна Ѓоковиќ на прес-конференција пред Вимблдон.

Синер ја започна својата сезона на трева со пораз од Александар Бублик уште во второто коло на турнирот во Хале. И покрај тоа што остана без двајцата стручни сарадници, Синер доаѓа на Вимблдон како прв фаворит и носител.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер доминира во тенисот, а сега донесе одлука која го изненади дури и Ѓоковиќ

Јаник Синер водечки на ATP листата, го изненади тенискиот свет со одлуката пред Вимблдон д…