
Екипите на Детроит и Кливленд беа принудени да го одложат натпреварот 18 минути во третата четвртина, поради силната сирена која се огласила поради електричен дефект на семаформот над теренот.
За време на тајм-аутот, при водство на Пистонс од 65:64, сирената што обично означува враќање на екипите на теренот остана заглавена.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Играчите се вратија на клупите и чекаа на инструкциите дали да продолжат со игра. По 13 минути, персоналот го исклучи главниот семафор, и дури тогаш сирената престана.
Прекинот беше придружен со радосни извици од публиката. Кога натпреварот продолжи, се користеше рачна сирена за сигнализирање.
Судиите ги собраа тренерите за брзи консултации на центарот на теренот, и беше објавено дека играта ќе продолжи без главниот семафор. Сепак, по кратко време семафорот проработи повторно.
Фановите, видливи на снимките, се обидуваа да си ги покриваат ушите за да се заштитат од неподносливата бучава.
🚨DETROIT PISTONS ХАОС СО СИРЕНАТА🚨
— Behold A Pale Horse (@BeholdPaleH0rse) February 28, 2026
Во национален натпревар против Cleveland Cavaliers, сирената на стадионот Pistons се слушнала 15 минути, додека фановите страдале поради гласноста. Изгледа како технички прекин за решавање на дефект, додека сирената продолжуваше да звучи како на некој стрешен настан. Ова беше навистина нивен момент… pic.twitter.com/idQIh3Ts1A