Дома Останати Тенис ВАДА со порака го вклучи „алармот“ кај Синер: Италијанецот има причина да биде загрижен

ВАДА со порака го вклучи „алармот“ кај Синер: Италијанецот има причина да биде загрижен

Долго време немаше нови информации за допинг аферата на Јаник Синер, одговорот на Судот за спортска арбитража (КАС) по жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) е закажан за средината на април, но сега најдобриот тенисер во светот доби причина да се загрижи. Се разбира, ако воопшто престана да се грижи.

– Синер е одговорен за постапките на својот стручен тим – изјави Витолд Банка, претседателот на ВАДА, за полскиот сајт „РЗ“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Да потсетиме, Италијанецот доби два позитивни допинг теста од Индијан Велс пред 11 месеци, така што неговиот тогашен физиотерапевт користел некој лек кој содржел забранета супстанца клостебол. Бидејќи го масирал без ракавици, пренел супстанцата на кожата. Агенцијата за тениска интегритетност (ИТИА) утврди дека Синер не е виновен и затоа го казни само со одземање на поените и парите од Индијан Велс. Но, ВАДА има поинакво мислење. Олеснителна околност беше и тоа што се работеше за само еден милијардит дел од грам, што е недоволно да влијае на неговата игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Амaтер го победи Синер во Мелбурн: Италијанскиот тенисер претрпе тешка непријатност (Видео)

На Австралија Опен е во тек единствен настан наречен „1 point slam“. Организаторите најави…