Дома Моторспорт Ужас во куќата на Шумахер: Силувана медицинска сестра која се грижела за него!

Ужас во куќата на Шумахер: Силувана медицинска сестра која се грижела за него!

Обвинетиот наводно го признал односот, но тврди дека добил согласност од медицинската сестра.

Светот на автомобилските спортови е повторно во потрес поради шокантни обвинувања. Австралиски возач, кој е опишан како близок пријател на синот на Михаел Шумахер, е обвинет за силување што се случило во 2019 година во семејната вила на Шумахер. Жртвата е медицинска сестра која се грижела за легендарниот возач.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според обвинувањата, медицинската сестра се почувствувала лошо за време на дружењето со колегите, кои потоа ја однеле во соба за да одмори. Додека била во несвест, возачот и пријател на 26-годишниот Мик Шумахер наводно влегол во собата и двапати сексуално ја нападнал.

Обвинетиот наводно го признал односот, но тврди дека добил согласност од медицинската сестра.

Случајот треба да се разгледа пред судот во Њон, но обвинетиот засега е недостапен за швајцарските власти. Семејството Шумахер не било присутно во вилата за време на настанот и не е вклучено во постапката.

Обвинувањата се уште не се правосилно докажани, па осомничениот е слободен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Доминација на Бецеки во Тајланд, Дукати остана без подиум по 1.798 дена

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на Големата награда на Тајланд, со која започна …