Дома Фудбал УЕФА го укина терминот за Лигата на шампионите: Познати се датумите и времињата на четвртфиналните натпревари

УЕФА го укина терминот за Лигата на шампионите: Познати се датумите и времињата на четвртфиналните натпревари

Оваа сезона на УЕФА Лигата на шампионите полека стигнува до својот крај, осумте најдобри тимови на Европа ќе се борат за најпрестижната клупска титула на Стариот континент.

Главната куќа на европскиот фудбал одлучи да го укине терминот од 18:45, така што сите четвртфинални натпревари ќе се играат во 21 часот.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Досегашниот тек на Лигата на шампионите се одвиваше во натпревари во два термини 18:45 и 21:00. Тоа им одговараше на љубителите на фудбалот ширум светот, бидејќи можеа да гледаат повеќе мечеви.

Сега сите кои сакаат да ги следат сите натпревари, ќе треба да користат множество уреди за да го следат во живо расплетот на најелитното фудбалско натпреварување во Европа.

Првите натпревари се закажани за 8ми април, во кои ќе се сретнат: Арсенал – Реал Мадрид и Баерн Минхен – Интер.

Следниот ден се закажани дуелите: ПСЖ – Астон Вила и Барселона – Борусија Дортмунд.

Реванш натпреварите ќе се одиграат на 15ти и 16ти април.

Полуфиналните натпревари се планирани за 29ти и 30ти април, а реваншите на 6ти и 7ми мај.

Големото финале во Минхен е закажано за 31ви мај на Алијанц Арена.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на Бразил ја избра замената за Нејмар во репрезентацијата

Бразилската фудбалска репрезентација го повика младиот напаѓач на Реал, Ендрик, како замен…