Дома Фудбал Удар за Аморим: Без фудбалерот од средниот ред два месеци!

Удар за Аморим: Без фудбалерот од средниот ред два месеци!

Не може без проблеми Мејсон Маунт, Англичанецот заработи нова повреда и го чека подолга пауза.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од Англија денес пристигна потврда, Маунт поради нова повреда на задната ложа ја влоши состојбата на истиот мускул кој што го мачи долго време и го чека пауза од минимум два месеца, можеби дури и до 10 недели.

Маунт почувствува повреда на ложата во дербито против Манчестер сити минатиот викенд, а ситуацијата е многу полоша отколку што првично се предвидуваше.

Маунт ќе мора да оди на нова пауза, трета од почетокот на сезоната, бидејќи исто така имаше проблеми во текот на септември и октомври.

Да потсетиме, Маунт минатата сезона поради задната ложа паузираше сè од крајот на ноември 2023 до средината на март, а потоа повторно ја обнови повредата и за време на април и никако да се опорави и врати во вистинска форма.

Маунт сега ќе пропушти низа натпревари во сите натпреварувања, иако изгледа дека Аморим веќе се навикна да го избира тимот без него.

На ова треба да се додаде дека Аморим го прецрта Маркус Рашфорд, така што Јунајтед ќе има проблем во наредните недели во офанзивната линија…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од трагедија до лудило: Габриел доживе неверојатен пресврт кој никој не го очекуваше

Додека играчите на ПСЖ славеа нова титула и потврда за својата доминација во Европа, во др…