Дома Останати Ракомет Убав ден за Вардар – потпишан е најголемиот спонзорски договор во историјата на клубот!

Убав ден за Вардар – потпишан е најголемиот спонзорски договор во историјата на клубот!

РК Вардар и Касино Аустрија Интернешанал Македонија на заедничка прес-конференција официјално го промовираа своето партнерство, со кое компанијата станува еден од главните поддржувачи на клубот.

Соработката има за цел создавање уште посилен тим и реализација на амбициозните цели на „црвено-црните“, кои моментално се лидери во домашната Суперлига и се на добар пат кон враќање на шампионската титула. Воедно, Вардар го очекува и четвртфиналниот предизвик во Европската лига на ЕХФ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Денеска ми е убав ден. Пред половина час потпишавме еден договор за соработка. Ова не е договор од денеска за утре, туку соработка за која се надевам дека ќе трае и во иднина. Тие секогаш спонзорираат, почнувајќи од автомобилизам, па до кошаркарски и ракометни клубови. Но, видоа што е за нив предизвик да спонзорираат. Најголем предизвик е да се биде спонзор на Вардар. За тоа сум им многу благодарен. Ова ќе биде голем ветер во грб, за да се обидеме да се вратиме на патеките каде што припаѓаме. Немаме илузии дека веднаш можеме да ги повториме 2017 и 2019 година, но одиме чекор по чекор, да го постигнеме максимумот што можеме и да бидеме меѓу десетте најдобри во Европа.“, изјави Михајло Михајловски, актуелен претседател на РК Вардар.

Пред новинарите зборуваше и директорот на компанијата, Аднан Шариќ,

„Горди сме што како компанија стануваме дел од семејството на РК Вардар. Тоа е клуб со традиција, страст и шампионски дух. Не треба многу да зборуваме, Вардар е Македонија, нешто што се знае и надвор од границите на државата.Тука сме да дадеме малку ветер во грб на раководството, клубот да се врати на старите патишта, кон самиот врв во ракометот. Се надеваме дека ќе помогнеме, и тоа во континуитет, со години, и заедно со другите спонзори кои се вклучија, Вардар да се врати таму каде што припаѓа. Сакаме да ги полниме салите, да бидеме со Вардар и заедно да ги славиме успесите на клубот. Ги повикуваме и сите други кои се во можност да помогнат, да го направат тоа. Важно е да се биде дел од Вардар. На играчите останува да се борат и да прават резултати.“, изјави Шариќ, директор на Касино Аустрија Интернешанал Македонија.

Од компанијата додаваат дека нивната поддршка претставува инвестиција во спортот, младите и вредностите што ги носи ракометот, дисциплина, тимска работа и посветеност.

Вечерва РК Вардар ќе го одбележи својот 65-ти роденден на натпреварот против РК Алкалоид, кој ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот. Фан-зоната на платото пред салата ќе започне час и половина пред натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Договорот е веќе потпишан, Вардар добива големо засилување од Фрација!

Покрај објавеното партнерство со новиот спонзор, на денешната прес-конференција претседате…