Дома Фудбал Останато Tухел: Ако јас се прашував Нејмар денес ќе играше

Tухел: Ако јас се прашував Нејмар денес ќе играше

Meдиумите пред неколку дена најавуваа дека Нејмар може да заигра за ПСЖ во недела против Тулуз, но тренерот Томас Тухел ја отфрли таа можност.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шефот на стручниот штаб на конференцијата отворено зборуваше дека Бразилецот нема да биде во тимот додека и дефинитивно не се реши неговата ситуација каде ќе игра оваа сезона.

Барселона, Реал Мадрид и Јувентус се поврзуваа со Бразилецот, но тој и понатаму на неколку дена пред затварањето на преодниот рок е играч на ПСЖ.

„Нејмар е спремен да игра. Добро тренираше со силен интезитет и со вистински пристап. Меѓутоа ставот на клубот е јасен: Додека не се реши неговото прашање, нема да игра. Ако пример утре се разреши ситуацијата тој би можел да заигра. Целата приказна мора да заврши. Но, за жал тоа не се случи. Ситуацијата се уште не е сосема јасна и мораме да ја решиме. Ме прашувате дали Нејмар ќе игра против Мец? Тоа не е моја одлука. Ако јас одлучувам тој денес ви играл, сепак се зависи од Леонардо“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …